Територијалната противпожарна единица – Кочани, во соработка со Општинската организација на Црвен крст и СОУ „Љупчо Сантов“ изведоа тактичко-показна вежба за справување со пожар.
– Тактичко-показната вежба е активност во рамки на Годишната програма на училиштето, со која се изврши симулација и евакуација на учениците и вработените во СОУ „Љупчо Сантов“. На денешната вежба беше прикажана евакуација по настанат пожар во лабораторискиот кабинет и повреда на ученик при што се изврши евакуација од источната и западната страна на училиштето. Во комуникација со ТППЕ – Кочани, пожарникари интервенираа со гаснење на пожарот и евакуирање на ученикот што беше повреден, а волонтерите од Црвениот крст, интервенираа со помош на повредениот ученик – истакна Игор Христов, директор на СОУ „Љупчо Сантов“.
– Симулациската вежба е една од неколкуте предвидени кои ќе се реализираат до крајот на годината – рече Благој Паунов, командир на ТППЕ – Кочани.
Тактичко-показните вежби се од огромна важност, бидејќи ја зацврстуваат подготвеноста на учениците и вработените во училиштата за справување во вакви несакани појави и ситуации, а претставуваат и законска обврска на училиштата.