Димитар Ангелов од Кочани, ученик во Средното музичко училиште „Сергеј Михајлов“ од Штип, приреди концерт на класична гитара.
Пред публиката во салата на Мултикултурниот центар, Ангелов настапи со дела од Бах, Сор, Балкански, Богдановиќ. Гостин на концертот беше неговиот соученик Давид Велков, солист на хармоника.
Димитар Ангелов изучува гитара во класата на проф. Дејан Лазаревски.