Врз основа на член 37 став (1) од Деловникот на Советот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 5/2006, 2/20012 и 4/2015), ја свикувам 1-вата (конститутивна) седница на Советот на Општина Кочани за 12.11.2021 година, (петок), со почеток во 11.00 часот во Мултикултурниот центар- Кочани, со следниот предлог за
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Верификација на мандатот на членовите на Советот на Општина Кочани.
- Избор на членови на Комисијата за мандатни прашања избори и именувања.
- Избор на Претседател на Советот на Општина Кочани
- Предлог Решение за формирање на Комисија за комунални работи, планирање и уредување на просторот и заштита на животната средина и природата.
- Предлог Решение за формирање на Комисија за култура, образование и спорт и права на децата.
- Предлог Решение за формирање на Комисија за земјоделие
- Предлог Решение за формирање на Комисија за месна самоуправа и грагански иницијативи.
- Предлог Решение за формирање на Комисија за здравство и социјална заштита.
- Предлог Решение за формирање на Комисија за статут и прописи.
- Предлог Решение за формирање на Комисија за прекугранична соработка.
- Предлог Решение за формирање на Комисија за финансии и буџет и локален економски развој.
- Предлог Решение за формирање на Комисија за сообракај, јавна безбедност и противпожарна заштита.
- Предлог Решение за формирање на Комисија за еднакви можности на жените и мажите.
- Предлог-Решение за определување членови на Советот на Општина Кочани кои ке учествуваат при склучување на бракови.
Претседател
на Советот на Општина Кочани од претходниот состав
Томе Солевски с.р.