Поради пробивање на улицата „Стево Теодосиевски“ („Ленинова“) доаѓа до дефекти на приклучните инсталации и на главните доводи што предизвикува прекини на водоснабдувањето на корисниците на вода од Градскиот водовод на улиците „Стево Теодосиевски“, „Глигор Апостолов“, „Брегалничка“, „8 Септември“ и „Лазар Андонов“.
Екипи на КЈП „Водовод“ работат на отстранување на дефектите.
Времетраењето на прекинот во водоснабдувањето зависи од сериозноста на дефектот.