Поради зафат за поставување нова линија на водоводната мрежа на улицата „Гошо Викентиев“, КЈП „Водовод“ ги известува потрошувачите од ниската зона на улиците „Крсте Мисирков“, „Никола Вапцаров“ (Атомски згради), „Кирил Ѕ’мбов“ (Печатница „Генекс“), „Вера Попова“ и „Рајко Жинзифов“ дека денеска, 19 август 2021 г. ќе има прекин во водоснабдувањето во периодот од 9 до 14 ч.

КЈП „Водовод“ се заблагодарува за разбирањето.