Стручните служби известуваат дека по изградбата на потпорниот ѕид со должина од 33 метри, сега се работи на широк ископ, транспорт на материјалот и формирање насип покрај потпорниот ѕид. Почетниот дел од кракот на „Македонска“ веќе се тампонира.
Геометри денеска извршија контрола на изградениот потпорен ѕид на улицата „Ване Грдовјански“, каде ќе се асфалтира крак во должина од 150 метри, а на улиците „Кресненско востание“ и „Никола Парапунов“ претстои валирање на тлото.
Според предмер-пресметката, во Усова Чешма ќе се асфалтираат уште 650 метри, со што патната инфраструктура во оваа кочанска населба е речиси целосно реализирана.
Градежни активности се одвиваат на коловозот и на тротоарот на улицата „Тодосија Паунов“, а се работи и на изградбата на потпорниот ѕид за втората коловозна лента на улицата „Стево Теодосиевски“. Одговорните апелираат учесниците во сообраќајот да бидат внимателни при движењето и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.