На 18 и 19 август (среда и четврток) во раните утрински часови, на подрачјето на Кочани, стручна екипа од Центарот за јавно здравје – Кочани ќе го спроведе петтото превентивно прскање од земја за заштита од комарци.
Со превентивната дезинсекција ќе бидат опфатени површините во градското подрачје на Кочани и низинските села што припаѓаат на територијата на Општина Кочани.
За третманите против комарците ќе се користат широкоспектарни инсектициди одобрени од Бирото за лекови.
Пчеларите е потребно да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето.
Во случај на ветар, дожд и други неповолни временски услови, дезинсекцијата ќе се одложи за следен поволен период.