Врз основа на членот 33, став 1, алинеја 1 од Деловникот на Советот на Општина КОЧАНИ („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 5/2006, 2/20012 и 4/2015), ја свикувам 60. седница на Советот на Општина Кочани за 23.07.2021 година, (петок), со почеток во 09.30 часот во Мултикултурниот центар- Кочани, со следниот предлог за
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Правилник за внатрешна организација на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани
- Правилник за систематизација на работните места во ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани
- План за изменување на Годишниот план за вработување во ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за 2021 година
- Предлог-одлука за изменување и дополнување (усогласување со Законот за рамномерен регионален развој („Службен весник на РСМ“ бр.24/2021) на Одлуката за основање на Центар за развој на Источниот плански регион број 07-611/1 од 14.03.2008 година
- Предлог-статут на Заедничко јавно претпријатие „ЕКО ИСТОК – СЕВЕРОИСТОК“
- Предлог-решение за именување членови на Управниот одбор на ЗЈПРУО „ЕКО ИСТОК – СЕВЕРОИСТОК“
- Извештај за работењето на КЈП „Водовод“ – Кочани за периодот од 01.01. до 30.06.2021 година, со финансиски показатели
- Статутутарна одлука за измена и дополнување на Статутот на КЈП„Водовод“ – Кочани
- Одлука за утврдување на висината и наплатата на надоместокот за влез и користење на инфраструктура на Градските гробишта во Кочани за каменорезачи
- Годишен план за вработување во ООУ„Раде Кратовче“ – Кочани за 2022 година
- Извештај за реализација на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2021 година во периодот од 01.01.2021 година до 30.06.2021 година
- Извештај за работењето на комуналните редари во општинската администрација во Општина Кочани за периодот од јануари до јуни 2021 година
- Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кочани за II квартал од 2021 година
- Предлог-одлука за измена на распоред на средствата на Буџетот на Општина Кочани за 2021 година
- Преддлог-одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Кочани за 2021 година
- Предлог-одлука за организирање општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Кочани со учество на Општината во цената на билетот по патник на распределената линија
- Стратегија за развој на спортот на општина Кочани
- Збирен извештај – елаборат за процена на штета од природната непогода: мраз, што го зафати подрачјето на Општина Кочани на 8, 9 и 10.04.2021 година
- Предлог-одлука за дополнување на Одлуката за долгорочно задолжување на општина Кочани во рамките на проектот за подобрување на општинските услуги (ВТОР МСИП 02/2018)
- Предлог- одлука за утврдување на приоритеттен проект и за сопствено учество – кофинансирање на проектот „Изградба на пешачки мост преку Кочанска Река“
- Предлог-план за изменување и дополнување на Годишниот план за јавни набавки на општина Кочани за 2021 година
- Предлог-одлука за вршење техничка исправка на Детален урбанистички план за ГП В4.11, односно КП 6910 и ГП В4.12, односно КП 6900, КО Оризари, од Измена и дополна на ДУП на село Оризари (Донесен со Одлука бр. 07-55 од 24.07.1998г.)
- Предлог-програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови и урбанистички проекти на подрачјето на Општина Кочани за 2021 година.
—————————————————————————————————
Предлог-одлука за основање на Центар за развој на Источниот плански регион (Пречистен текст*)