Комунално Јавно Претпријатие “Водовод” – Кочани, е основано со решение на Собранието на Општина Кочани бр.01-1532 од 2.02.1968 год. и е запишано во судскиот регистар под бр.286/68 од 02.02.1968год.
Јавното Претпријатие е основано заради вршење дејности од јавен интерес и има својство на правно лице со своја жиро сметка и во правниот промет одговара со целиот свој имот и е регистриран даночен субјект со МК 4013968102159

Својата дејност успешно ја извршува со 240 работника редовно вработени и со 50 времено ангажирани работници чиј што број е променлив во зависност од потребите.

КЈП Водовод ги обавува следните дејности:

– водоснабдување-одвод на отпадни води-канализација
– комунални услуги-изнесување и депонирање на смет
– искористување на геотермалните води-експлоатација и дистрибуција на гтв
-градски пазари и панаѓури
– уредување на прометни површини, паркови и градско зеленило
– одржување на православните градски гробишта и градската капела
– стопанисување со градскиот базен и тениските терени

Органи на претпријатието се: Управен Одбор, Директор на претпријатие и Надзорен Одбор

Веб страна: www.vodovodkocani.com.mk