Од парцелите за индивидуално домување три се наоѓаат на улицата „Вера Которка“, а една во Прокарка, со површини од 714 до 455 квадратни метри.
Парцелите за големи трговски единици се наоѓаат во месноста Прокарка и се со површина од 2631 и 2023 квадратни метри.
Градежната парцела за колективно домување наменета за продажба е со површина од 572 квадратни метри и се наоѓа на улицата „Вера Которка“.
Рокот за пријавување за учество во електронското јавно наддавање за градежните парцели за индивидуално домување е до 27 јули 2021 г., а јавното наддавање ќе се одржи на 29 јули. За парцелите со намена за колективно домување и големи трговски единици рокот за пријавување е до 9 август 2021 г., а јавното наддавање е на 11 август.
Почетната цена за парцелите за индивидуално домување е 61 денар за метар квадратен, за колективно домување е 1 200 денари и за големите трговски единици е 1 800 ден.
Целосната објава за продажба на градежно земјиште во државна сопственост е поставена на огласната табла во дворот на општинската зграда и е објавена на веб-страницата на Општина Кочани, www.kocani.gov.mk.