За да ги надмине проблемите со водоснабдувањето на високата зона во Оризари, Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ изгради нова водоводна линија.
Стручните служби известуваат дека водоводната линија којашто го поврзува селото Оризари со месноста викана Слатина е со должина од 1 700 м. Поставени се полиетиленски цевки од 16 бара, со пречник од 110 мм.
Новата водоводна линија ќе обезбеди непрекинато водоснабдување на високата зона во Оризари, во која шеесетина домаќинства беа изложени на чести прекини и рестрикции при зголемена потрошувачка.
Од наредната седмица КЈП „Водовод“ ќе почне со реконструкција на водоводната мрежа и со поставување нова атмосферска канализација на улицата „Гошо Викентиев“.