На 11 јуни 2021 година, со почеток во 8 часот, во салата на Мултикултурниот центар – Кочани, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 58. редовна седница. На предложениот дневен ред се наоѓаат осум точки:
- Информација за извршување на пролетната сеидба на подрачјето на општина Кочани во 2021 година
- Предлог-одлука за техничка исправка на Деталниот урбанистички план за ГП А105.1, односно КП 15407/3, ГП A 105.2, односно КП 15405/2, ГП A104.4, односно КП 15409/2, ГП А104.5, односно КП 15409/4 и ГП А104.6, односно КП 15407/2, КО Кочани, од Измена и дополнување на ДУП на град Кочани, (Донесен со Одлука бр. 07-138 од 16.07.1998г.)
- Предлог-план за спречување на корупцијата во Општина Кочани за 2021 година
- Предлог-одлука за давање согласност за примање донација за парковско уредување на просторот на ГП 2.58 (дел од КП бр.13073/2 КО Кочани, дел од КПбр.13074/5 КО Кочани и дел од КП бр.1346/3 КО Кочани), сопственост на Република Северна Македонија
- Конкурс за изработка на идејно решение за изменување на грбот и знамето на општина Кочани
- Барање дозвола за употреба на името на градот Кочани во името на Здружение за заштита на животната средина Одбор за здрав живот во Кочани, Кочани
- Предлог-одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Кочани за 2021 година
- Годишен план за вработување на ОУ„Св. Кирил и Методиј“ – Кочани во 2022 година.