В четврток, на 29 април 2021 година, со почеток во 9 часот, во салата на Мултикултурниот центар – Кочани, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 56. седница. На предложениот дневен ред се наоѓаат 23 точки:
- Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кочани за I квартал од 2021 година
- Предлог-одлука за давање на трајно користење без надоместок на движни ствари (персонални компјутери), сопственост на Општина Кочани
- Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2021 година
- Предлог-програма за изменување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2021 година
- Предлог-програма за изменување на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2021 година
- Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Кочани за 2021 година
- Предлог-план за изменување и дополнување на Годишниот план за јавни набавки на општина Кочани за 2021 година
- Предлог-план за изменување и дополнување на Планот на програми за развој на општина Кочани за период 2021 – 2023
- Предлог-одлука за утврдување приоритетни проекти
- Предлог-одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот „Изградба на локален пат Крушка – Ајдар, втор дел
- Предлог-одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот „Реконструкција на ул ‘Роза Петрова’, втор дел
- Предлог-одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот за изградба на ул .„563“ во Лесна индустрија
- Извештај за работењето на КЈП „Водовод“ – Кочани за периодот од 01.01. до 31.03.2021 година, со финансиски показатели
- Проекција за користење на водата за пиење во сезоната пролет-лето 2021 година, од системот за водоснабдување
- Годишен извештај за работењето на Центарот за развој на Источниот плански регион за 2020 година
- Годишен извештај за спроведувањето на Програмата за развој на Источниот плански регион за 2020 година
- Извештаи за работењето на овластените инспектори на Општина Кочани во 2020 година
- Информација за работата на НУ Центар за култура „Бели мугри“ – Кочани за 2020 година и Програма за работа во 2021 година
- Информација за состојбата со дивите депонии во градот и населените места со предлог-мерки за нивно разрешување
- Информација во врска со одржувањето на ДАФ во Кочани – 2021 година
- Информација за постапката за изработка на Локална урбанистичко-планска документација со намена А3 – групно домување на незгрижени лица
- Информација од ОВР Кочани за ситуацијата со безбедноста, кражбите и разбојништвата во последните два месеца на територија на општина Кочани
- Информација за состојбата со коронавирусот, Ковид-19 на подрачјето на Општина Кочани.