Уметникот со светско реноме оствари средба со градоначалникот Николчо Илијев, раководството на училиштето, колективот и учениците и се запозна со актуелната состојба и работа на оваа образовна институција.
– Присуство на Трпчевски во Кочани го искористивме да го запознаеме со реализираната децениска идеја за ново пијано, со кое ќе одговориме на потребите на културните настани во нашата општина и на Музичкото училиште – соопшти Илијев.
Трпчевски истакна дека Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ е извориште на професионални музичари, меѓу кои дел од нив се негови колеги и соработници. Поздравувајќи ја набавката на новото полуконцертно пијано потенцираше дека тоа претставува одличен влог во културата и образованието.
Кратката изведба на Трпчевски на преработени македонски мотиви на пијано беше дочекана со аплаузи од присутните.