По повод 22 септември, Меѓународниот ден без автомобили, Општина Кочани, во соработка со Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, кочанските велосипедски клубови и основните и средните училишта, в петок (22 септември) организира велосипедско дефиле.
Дефилето ќе почне од 11 ч. од Плоштадот, а ќе продолжи по „Кеј на Револуцијата“, преку Кружниот тек по булеварот „Тодосија Паунов“ до СОУ „Гошо Викентиев“, каде ќе сврти кон градот преку „Тодосија Паунов“ , „Стево Теодосиевски“, „Глигор Апостолов-Гочо“ и улицата „ВМРО“ до крајната цел – Трговскиот центар.
Се повикуваат сите граѓани коишто сакаат да го одбележат Меѓународниот ден без автомобили, да се придружат на Велосипедското дефиле.