Врз основа на член 33 став (1) алинеја 1 од Деловникот на Советот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 5/2006, 2/20012 и 4/2015), ја свикувам 54-тата седница на Советот на Општина Кочани за 15.03.2021 година, (понеделник), со почеток во 10.00 часот во Мултикултурниот центар- Кочани, со следниот предлог за
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Разгледување на завршни сметки на општинските основни и средни училишта за 2020 година, ЈОУДГ „Павлина Велјанова“- Кочани и ЈОУ Библиотека „Искра“-Кочани, за 2020 година.
- Извештај за реализација на Програмата за активностите на општина Кочани во областа на локалниот економски развој во 2020 година.
- Извештај за реализација на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2020 година.
- Извештај за реализација на Програмата за изградба на фекална и атмосферска канализација на општина Кочани за 2020 година.
- Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште на општина Кочани за 2020 година.
- Извештај за реализација на Програмата за изградба и реконструкција на системи за водоснабдување на подрачјето на Општина Кочани во2020 година.
- Извештај за реализација на Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици за 2020 година.
- Извештај за реализација на Програмата за спорт на Општина Кочани во2020 година.
- Извештај за реализација на Програмата за поддршка на образованието во Општина Кочани во 2020 година.
- Извештај за реализација на Програмата за култура на Општина Кочани за 2020 година.
- Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Кочани од областа на социјална, детска и здравствена заштита за 2020 година.
- Извештај за реализација на Програмата за комуникација на Општина Кочани за 2020 година.
- Извештај за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови, урбанистичко-планска документација, и урбанистичко-проектна документација на подрачјето на Општина Кочани за 2020 година.
- Извештај за реализација на Програмата за јавно осветлување во општина Кочани за 2020 година
- Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Кочани во областа на заштитата на животната средина во 2020 година
- Извештај за работењето на комуналните редари во општинската администрација на Општина Кочани за 2020 година.
- Извештај за реализација на Програмата за работа на Територијалната противпожарна единица на Општина Кочани во 2020 година.
- Годишна сметка на Буџетот на Општина Кочани за 2020 годинa.
- Годишен извештај на општина Кочани за 2020 година.
- Буџетски календар за 2022 година.
- Предлог- одлука за прифаќање на предлогот на Советот на Општина Виница за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Виница и Општина Кочани.
- Предлог- одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Виница и Општина Кочани.
- Предлог- решение за именување членови во заедничката комисија за подготовка на актите за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу општина Кочани и општина Виница
- Информација во врска со изградбата на мала хидроцентрала на Мала Река.
- Предлог-планови за дополнување на Плановите за запишување на ученици во прва година во општинските средни училишта „Љупчо Сантов“ и „Гошо Викентиев“ во учебната 2021-2022 година.
- Информација за состојбата со Корона вирусот Ковид- 19 на подрачјето на Општина Кочани.