На 22 август (понеделник спрема вторник) во ноќните часови ќе се спроведе дезинсекциско третирање за заштита од комарци.
Во третата фаза од запрашувањето од земја, ќе бидат опфатени 300 хектари во градот Кочани и во селата Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.
Пчеларите треба да ги преземат потребните заштитни мерки.
Доколку временските услови се неповолни (ветер, дожд) третирањето ќе се одложи за следниот поволен ден.