Службите за јавни набавки во Општина Кочани известуваат дека е избран изведувач за изградба на улиците „Ване Грдовјански“, крак на „Македонска“, крак на „Кресненско востание“ и крак од „Никола Парапунов“. Тоа значи дека наредниов период ќе се асфалтираат уште четири улици во населбата Усова Чешма.
Според предмер-пресметката, ќе се градат 150 метри од улицата „Ване Грдовјански“, каде веќе се работи на изградба на потпорни ѕидови. На улицата „Македонска“ ќе се асфалтира крак во должина од 210 м. На „Кресненско востание“ – кракот што ќе се гради е долг 135 м. Со завршување на улицата „Никола Парапунов“, каде ќе се асфалтираат 155 метри, ќе биде изградена и последната неасфалтирана улица во населбата Усова Чешма.
Деновиве, покрај изградбата на кружните текови и на тротоарот од десната страна на улицата „Тодосија Паунов“, се работи и на улиците „Кирил и Методиј“ и „Борис Ефремов“, кои се подготвуваат за асфалтирање.