Врз основа на член 33 став (1) алинеја 1 од Деловникот на Советот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 5/2006, 2/20012 и 4/2015), ја свикувам 53-тата седница на Советот на Општина Кочани за 25.02.2021 година,(четврток),со почеток во 10.00 часот во Мултикултурниот центар- Кочани,  со следниот предлог за

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

  1. Информација за санитарно-хигиенската состојба на предучилишните установи  во општина Кочани и безбедноста на храна и за санитарно-хигиенските состојби на основните и средните училишта во општина Кочани.
  2. Извештаи за успехот и работењето на општинските основни и средни училишта за првото полугодие од учебната 2020 – 2021 година.
  3. Годишна информација за состојби и услови во кои се одвиваше работата на ОВР- Кочани во 2020 година.
  4. Информација за малолетничката деликвенција на подрачјето на општина Кочани (наркоманија, алкохолизам)
  5. Извештаи за реализација на Програмата за работа на општинските спортски сојузи: Општински фудбалски сојуз и Сојуз на училишни спортови  во 2020 година
  6. Извештај за работењето на ЈОУ Библиотека „Искра“- Кочани за 2020 година и Програма за работа за 2021 година.
  7. Предлог- стратегија за за развој на спортот на општина Кочани (2021-2025).
  8. Предлог- стратегија за мегуетничка интеграција во образованието и младински активизам на општина Кочани (2021-2025)
  9. Предлог- програма за изменување на Програмата за изградба на објекти за домување на лица од социјален ризик во општина Кочани за 2021 година.
  10. Предлог- одлука за утврдување на приоритеттен проект и за сопствено учество – кофинансирање  на проектот „ Реконструкција на ул. Роза Петрова“
  11. Предлог- одлука за сопствено учество- кофинансирање на проектот „Реконструкција на подовите на ОУ „Св.Кирил и Методиј“- Кочани.
  12. Конкурс за изработка на идејно решение за изменување на  грбот и знамето на општина Кочани.
  13. Предлог- одлука за формирање  на  Комисија за утврдување предлог за изменување на грбот, односно знамето на општина Кочани.
  14. Предлог- план за изменување и дополнување на Годишниот план за јавни набавки на општина Кочани за 2021 година.
  15. Предлог- план за изменување и дополнување на Планот на програми за развој на општина Кочани за период 2021-2023.
  16. Предлог- одлука за проширување на средствата  на Буџетот на Општина Кочани за 2021 година.
  17. Предлог- одлука за  измена на распоред на средствата  на Буџетот на Општина Кочани за 2021 година.
  18. Предлог- програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Кочани во областа на заштитата на животната средина во 2021 година.
  19. Предлог- одлука за изведување/поставување на подземни садови -контејнери за комунален отпад.
  20. Предлог- програма за изменување на Програмата за јавно осветлување во Општина Кочани за 2021 година.
  21. Предлог- одлука за намалување на висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани.
  22. Предлог- програма за изменување и дополнување на Програмата за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Кочани.
  23. Предлог- програма за изменување на Програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на     Општина Кочани за 2021 година.
  24. Предлог програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2021 година
  25. Предлог- програма за изменување и дополнување на Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2021 година
  26. Предлог- одлука за давање под закуп делови од недвижни ствари, сопственост на општина Кочани.
  27. Предлог- одлука за донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти изградени надвор од плански опфат за КП бр.4767/1  КО Кочани, КП бр.1899 КО Тркање.
  28. Предлог- одлука за донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти изградени надвор од плански опфат за КП бр.271/1  КО Пашаџиково, КП бр.413 КО Горно Градче, КП бр.391 КО Горно Градче, КП бр.1460/1 КО Нивичани .
  29. Предлог- одлука за донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на намена за КП бр.11122 КО Кочани.
  30. Предлог- одлука за донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на намена за КП бр.11122 КО Кочани.
  31. Предлог- одлука за донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на намена за КП бр.1710/1 КО Долни Подлог
  32. Предлог- одлука за донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на намена за КП бр.5971 КО Кочани
  33. Предлог- одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на висината на комуналната такса за користење просторот за паркирање на подрачјето на Општина Кочани
  34. Информација за состојбата со Корона вирусот Ковид- 19 на подрачјето на Општина Кочани.