В понеделник, на 19 јуни во ресторанот „Амор“ во Кочани, солистички концерт на флејта ќе приреди Тиана Јовиќ, ученичка во Државниот музичко-балетски училишен центар „Илија Николовски- Луј“ во Скопје.
На програмата се композиции од Бах, Хајдн, Поп и Форе, дела со кои Јовиќ оваа учебна година настапи на неколку меѓународни и државни натпревари и освои повеќе награди. Со прва награда се врати од Четвртиот меѓународен натпревар на млади музичари „Охрид, те сакам“, втора награда освои на Меѓународниот фестивал „Полихимнија“ во Скопје и на Меѓународниот натпревар по класична музика „Арт ин Велес“, а трета награда донесе од Република Србија, од Меѓународниот натпревар „Фемус“ – Суботица.
Во текот на школувањето има освоено четириесетина награди на натпревари и има посетено семинари кај повеќе познати флејтисти и професори по флејта во земјава и во странство.
Јовиќ заврши трета година во класата на проф. Симона Марочковска-Манојловска, а ќе настапи во пијано-придружба на Ивана Јанакиева, студентка на Факулетот за музичка уметност во Скопје.
Концертот започнува во 20 ч.
![](http://192.168.1.5:81/kocani/wp-content/uploads/2018/03/e453600e0bf685c7e03ced10d4f19ed8.jpg)