Територијалната противпожарна единица – Кочани ги потсетува граѓаните на законската обврска за редовно и навремено чистење на оџаците, како и за проверка на кровните конструкции и таваните изградени од дрво и трска, кои претставуваат голема опасност за појава на пожар.
Противпожарната единица апелира на превентивно однесување и зголемена претпазливост бидејќи во овој период од грејната сезона значително е зголемен бројот на интервенции предизвикани од запален оџак, кој пак претставува реална опасност за пожар на целата кровна конструкција.
За консултации и помош граѓаните можат да се обратат на бесплатниот телефонски број 193.