Општина Кочани во соработка со Скијачката федерација на Македонија, на 28 февруари 2021 година организира „Осоговски велеслалом“.
Настанот е по иницијатива на градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев, а целта е да се промовира Пониква како скијачки центар. Идејата е да се мотивираат децата и младите да научат да скијаат, а тие што веќе ја поседуваат оваа вештина – што повеќе да ја практикуваат.
Натпреварите ќе се реализираат во пет категории, во машка и женска конкуренција: цицибани, деца, млади, сениори и ветерани. Учесниците ќе скијаат на ски-патеката 3, која за натпреварот ќе ја подготви и опреми Скијачката федерација на Македонија.
Пријавувањето за учество на „Осоговскиот велеслалом“ ќе трае до 25 февруари кај лицата вклучени во организацијата на настанот: Зоран Јорданов (071 226 395); Станкица Атанасова (077 580 404) и Александар Шалевски (076 359 690).
Учесниците се ослободени од котизација и бесплатно ќе го користат ски-лифтот.
Општина Кочани на најуспешните во сите категории ќе им додели награди и признанија.