Предмет на електронско јавно надавање
Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Деталнитe урбанистички планoви за град Кочани, со намена за изградба на објекти за индивидуално домување и производство, дистрибуција и сервиси (лесна индустрија и мало стопанство), согласно Табеларни прегледи во кој се дадени податоци за градежните парцели, за катастарските парцели кои се опфатени со градежните парцели, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, максимална висина до венец, процент на изграденост коефициент на искористеност, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и депозит за учество на јавното наддавање.