В петок, 18 декември 2020 година од 12 ч. Општина Кочани во соработка со Национални шуми ќе реализира акција за пошумување.
Во акцијата ќе учествуваат вработените во општинската администрација, а поканети се и членовите на Советот на Општина Кочани.
Пошумувањето ќе се изведе во месноста Пресечена Скала, над Фабриката за вода, каде се планира да се засадат околу 2 илјади садници бор и багрем.
Акцијата за пошумување на овој потег претставува дел од континуираните напори на Општина Кочани за подобрување на зелената маса, но истовремено и за намалување на просторот за создавање диви депонии.