Советот на Општина Кочани в среда 16 декември 2020 година, со почеток во 9 часот ќе ја одржи 49. седница. Поради здравстевната криза, седницата ќе се одржи онлајн, со следниот предлог за дневен ред.
- Предлог-финансиски планови на општинските основни и средни училишта за 2021 година
- Предлог-финансиски план на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за 2021 година
- Предлог-финансиски план на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани за 2021 година
- Годишен план за вработување на ЈОУ „Библиотека „Искра“ – Кочани за 2021 година
- Предлог-програма за комуникација на Општина Кочани за 2021 година
- Предлог-локален акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2021 година
- Предлог-програма за спорт на Општина Кочани за 2021 година
- Правилник за категоризација на објектите за спорт во сопственост на Општина Кочани
- Предлог-програма за поддршка на образованието на општина Кочани за 2021 година
- Предлог-програма за млади на општина Кочани за 2021 година
- Предлог-програма за култура на Општина Кочани за 2021 година
- Предлог-програма за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на општина Кочани за 2021 година
- Предлог-програма за остварување социјална, детска и здравствена заштита на Општина Кочани за 2021 година
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови, урбанистичко-планска документација, и урбанистичко-проектна документација на подрачјето на Општина Кочани за 2020 година
- Предлог-програма за изработка на урбанистички планови, урбанистичко-планска документација и урбанистичко-проектна документација на подрачјето на Општина Кочани за 2021 година
- Предлог-програма за одржување локални патишта и улици на подрачјето на Општина Кочани во зимски услови за 2020/2021 година
- Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба на објекти за домување на лица од социјален ризик во општина Кочани за 2021 година
- Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за сопствено учество – кофинансирање на проектот за изградба на социјални објекти за Ромите од Старата касарна
- Предлог-одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот „Уредување на Градскиот парк во општина Кочани“
- Предлог-програма за изменување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2021 година
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2021 година
- Предлог-план за изменување на Планот на програми за развој на општина Кочани за период 2021 – 2023 година
- Предлог-одлука за давање на трајно користење движни ствари (опрема за собирање и транспорт на отпад) на КЈП „Водовод“ – Кочани
- Предлог-програма за управување со отпад на подрачјето на општина Кочани за 2021 година
- Предлог-програма за јавна чистота на општина Кочани за 2021 година
- Предлог-програма за уредување и одржување на градското зеленило на територијата на Општина Кочани во 2021 година, набавка, поставување и одржување на урбана опрема, одржување на детски игралишта и одржување на фонтаната ,,Зрно“ за 2021 година
- Предлог-програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на Општина Кочани во 2021година
- Предлог-програма за информатичка и комуникациска технологија на општина Кочани за 2021 година
- Предлог-програма за работа на Територијалната противпожарна единица во општина Кочани за 2021 година
- Предлог-програма за активностите на Општина Кочани во областа на заштитата на животната средина во 2021 година
- Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на начинот, условите и постапката за субвенционирање на граѓаните жители на општина Кочани на дел од тршоците за печки на пелети и за инвертер-клими
- Предлог-програма за активностите на општина Кочани во областа на локалниот економски развој во 2021 година
- Предлог-план за изменување и дополнување на Годишниот план за јавни набавки на општина Кочани за 2020 година
- Предлог-програма за работа на Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Кочани за 2021 година
- Предлог-програма за одржување на сливни решетки за атмосферска канализација на подрачјето на Општина Кочани за 2021 годинa
- Предлог-програма за јавно осветлување во општина Кочани за 2021 година.
- Предлог-програма за сообраќај на општина Кочани за 2021 година
- Предлог-одлука за основање на заедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпад
- Предлог-одлука за утврдување цена за прекопување улици и тротоари на подрачјето на општина Кочани
- Информација за состојби и услови во кои се одвиваше работата на ОВР- Кочани за првото полугодие од 2020 година
- Предлог-програма за капитални расходи – набавка на систем за климатизација и озвучување во Мултикултурниот центар.
- Критериуми за распределба на блок-дотации на општинските основни и средни училишта за 2020 година
- Барање согласност за користење на името на градот Кочани во името на невладината организација Фондација Единство – Кочани
- Предлог-одлука за давање на времено користење делови од недвижна ствар без надоместок на Министерството за одбрана , Одделение за регион Штип за Град Кочани.
- Предлог-одлука за покренување постапка за ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на Општина Кочани од од сите ризици и опасности.
- Збирен извештај за процена и утврдување на висина на штета од природната непогода што го зафати подрачјето на Општина Кочани на ден 10.06.2020 година.
- Збирен извештај за процена и утврдување на висина на штета од природната непогода што го зафати подрачјето на Општина Кочани на 6, 7 и 8 август 2020 година.
- Барање од КЈП „Водовод“ – Кочани, согласност за овластување орган кој ќе го потпише Колективниот договор за измени и дополнувања на Колективниот договор за уредување на правата, обврските и одговорностите на работниците од работен однос во КЈП „Водовод“ – Кочани, бр. 0202-74/1 од 26.01.2017 година
- Предлог-програма за работа на Советот на Општина Кочани за 2021година
- Извештај од Државниот завод за ревизија
- Предлог-решение за разрешување и именување член на Управен одбор на ООМУ„Ристо Јуруков“ – Кочани
- Информација за состојбата со коронавирусот Ковид-19 на подрачјето на Општина Кочани
Во рамките на 49. седница на Советот на Општина Кочани ќе се одржи и расправата по Нацрт-буџетот на Општина Кочани за 2021 година.