Повторната јавна анкета по Урбанистичкиот план за селото Бели ќе се спроведе во периодот од 9 до 16 декември 2020 год., во кој рок заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки и предлози на анкетни листови. Листовите можат да се подигнат во Архивата во општинската зграда, во месната заедница с. Бели, од веб-страницата на Општина Кочани или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам. Во прилог на анкетните листови треба да се достави копија од катастарски план и имотен лист за парцелата за која се доставува забелешката.
Графичкиот прилог од Урбанистичкиот план за селото Бели е изложен на Огласната табла пред влезот на зградата на Општина Кочани, во Бели – кај автобуската постојка кај реката и на веб-страницата на Општината: www.kocani.gov.mk. Детални информации во врска со Урбанистичкиот план можат да се добијат во Одделението за урбанизам и заштита на животната средина, на првиот кат во општинската зграда.