ВИД НА УСЛУГАТА | Доделување на финансиска помош на социјално загрозени граѓани, жители на општина Кочани за набавување на лекови кои не се наоѓаат на Позитивната листа на лекови, како и за обезбедување на карта за превоз за лекување во здравствена установа надвор од градот Кочани и карта за превоз за лица сместени во специјализирани установи надвор од градот Кочани |
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УСЛУГАТА |
Финансиската помош за набавување на лекови кои не се наоѓаат на Позитивната листа на лекови е во висина до 1.500,00 денари. Финансиската помош за обезбедување на карта за превоз за лекување во здравствена установа надвор од градот Кочани и карта за превоз за лица сместени во специјализирани установи надвор од градот Кочани е во висина на цената на автобуска карта во еден правец или за повратна карта според потребите на барателот. За остварување на правото за доделување на финансиската помош за набавување на лекови кои не се наоѓаат на Позитивната листа на лекови, барателот поднесува: – барање, – фотокопија од лична карта, – изјава за давање на согласност за користење на лични податоци, во оригинал, – изјава за семејна состојба, во оригинал, – оригинална рецепта на увид и фотокопија од истата, за лекови кои не се наоѓаат на Позитивната листа на лекови кои паѓаат на товар на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, издадена од матичен лекар или доктор специјалист, непостара од 1 (еден) месец, – медицинска документација со дијагноза на болеста – за исполнување на условот од чл.3 ст.1 ал.4 од овој правилник ( во оригинал за увид и еден примерок во фотокопија). За докажување на социјалниот статус барателот доставува: – Потврда дека е невработено лице за барателот и за брачниот/вонбрачниот другар – издадена од Агенцијата за вработување на РМ (оригинал); – Потврда дека е корисник на социјална парична помош – издадена од Центарот за вработување на РМ (оригинал); – Потврда дека е корисник на постојана парична помош- издадена од Центарот за вработување на РМ (оригинал); -Уверение за пријавени и остварени приходи од Управа за јавни приходи за последната година- во оригинал, за барателот и за брачниот/вонбрачниот партнер. За лицата заболени од карцином не се применуваат условите од членот 3 став 1 алинеите 1, 2, 3 и 5 од правилникот и истите не треба да се докажуваат. За малолетни лица подносител на барањето е родителот/старателот, односно корисник на правото е родителот/старателот. За остварување на правото за доделување на финансиската помош за обезбедување на карта за превоз заради лекување во здравствена установа надвор од градот Кочани и карта за превоз за лица сместени во специјализирани установи надвор од градот Кочани барателот поднесува: – барање, – фотокопија од лична карта, – изјава за давање на согласност за користење на лични податоци, во оригинал, – изјава за семејна состојба, во оригинал, – упат од матичен лекар или доктор специјалист за лекување или контролен преглед во во здравствена установа надвор од градот Кочани, се доставува во оригинал на увид и фотокопија за предметот (за барателите кои имаат потреба од лекување/контролен преглед во здравствена установа надвор од градот Кочани), – медицинска документација со дијагноза на болеста (за лицата болни од карцином) ( се доставува во оригинал на увид и еден примерок во фотокопија), – релевантен писмен доказ во оригинал (потврда) дека барателот е сместен во специјализирана установа надвор од градот Кочани (за лицата сместени во специјализирани установи надвор од градот Кочани). За докажување на социјалниот статус барателот доставува: – Потврда дека е невработено лице за барателот и за брачниот/вонбрачниот партнер- – издадена од Агенцијата за вработување на РМ (оригинал); – Потврда дека е корисник на социјална парична помош- издадена од Центарот за вработување на РМ (оригинал); – Потврда дека е корисник на постојана парична помош- издадена од Центарот за вработување на РМ (оригинал); – Уверение за пријавени и остварени приходи од Управа за јавни приходи за последната година- во оригинал за барателот и за брачниот/вонбрачниот партнер. За лицата заболени од карцином не се применуваат условите од членот 3 став 1 алинеите 1, 2, 3 и 5 од правилникот и истите не треба да се докажуваат. Доколку болното лице има потреба од придружба при патувањето, кое нешто е видно од медицинската документација Градоначалникот на Општина Кочани одобрува финансиска помош за обезбедување на карта за превоз и за лицето кое го придружува. Доколку болното лице е малолетно лице, Градоначалникот на Општина Кочани одобрува финансиска помош за обезбедување на карта за превоз за малолетното лице и за лицето кое го придружува -родителот/старателот. За лице сместено во специјализирана установа надвор од градот Кочани кое има потреба од придружба при патувањето, кое нешто е видно од медицинската документација Градоначалникот на Општина Кочани одобрува финансиска помош за обезбедување на карта за превоз за лицето сместено во специјализирана установа надвор од градот Кочани и за лицето кое го придружува. Доколку лицето сместено во специјализирана установа надвор од градот Кочани е малолетно лице, Градоначалникот на Општина Кочани одобрува финансиска помош за обезбедување на карта за превоз за малолетното лице и за лицето кое го придружува – родителот/старателот. |
За малолетни лица подносител на барањето е родителот/старателот, односно корисник на правото е родителот/старателот. За остварување на правото за доделување на финансиската помош за обезбедување на карта за превоз заради лекување во здравствена установа надвор од градот Кочани и карта за превоз за лица сместени во специјализирани установи надвор од градот Кочани барателот поднесува: – барање, – фотокопија од лична карта, – изјава за давање на согласност за користење на лични податоци, во оригинал, – изјава за семејна состојба, во оригинал, – упат од матичен лекар или доктор специјалист за лекување или контролен преглед во во здравствена установа надвор од градот Кочани, се доставува во оригинал на увид и фотокопија за предметот (за барателите кои имаат потреба од лекување/контролен преглед во здравствена установа надвор од градот Кочани), – медицинска документација со дијагноза на болеста (за лицата болни од карцином) ( се доставува во оригинал на увид и еден примерок во фотокопија), – релевантен писмен доказ во оригинал (потврда) дека барателот е сместен во специјализирана установа надвор од градот Кочани (за лицата сместени во специјализирани установи надвор од градот Кочани). За докажување на социјалниот статус барателот доставува: – Потврда дека е невработено лице за барателот и за брачниот/вонбрачниот партнер- – издадена од Агенцијата за вработување на РМ (оригинал); – Потврда дека е корисник на социјална парична помош- издадена од Центарот за вработување на РМ (оригинал); – Потврда дека е корисник на постојана парична помош- издадена од Центарот за вработување на РМ (оригинал); – Уверение за пријавени и остварени приходи од Управа за јавни приходи за последната година- во оригинал за барателот и за брачниот/вонбрачниот партнер. За лицата заболени од карцином не се применуваат условите од членот 3 став 1 алинеите 1, 2, 3 и 5 од правилникот и истите не треба да се докажуваат. Доколку болното лице има потреба од придружба при патувањето, кое нешто е видно од медицинската документација Градоначалникот на Општина Кочани одобрува финансиска помош за обезбедување на карта за превоз и за лицето кое го придружува. Доколку болното лице е малолетно лице, Градоначалникот на Општина Кочани одобрува финансиска помош за обезбедување на карта за превоз за малолетното лице и за лицето кое го придружува -родителот/старателот. За лице сместено во специјализирана установа надвор од градот Кочани кое има потреба од придружба при патувањето, кое нешто е видно од медицинската документација Градоначалникот на Општина Кочани одобрува финансиска помош за обезбедување на карта за превоз за лицето сместено во специјализирана установа надвор од градот Кочани и за лицето кое го придружува. Доколку лицето сместено во специјализирана установа надвор од градот Кочани е малолетно лице, Градоначалникот на Општина Кочани одобрува финансиска помош за обезбедување на карта за превоз за малолетното лице и за лицето кое го придружува – родителот/старателот. За малолетни лица подносител на барањето е родителот/старателот, односно корисник на правото е родителот/старателот. |
|
АДМИНИСТРАТИВНА ТАКСА | Согласно чл.15 ст.1 т.20 од Законот за административните такси од плаќање такса се ослободени граѓаните со слаба имотна состојба, корисници на основни и други права според Законот за социјална заштита. |
ПРИЕМ НА БАРАЊЕТО | Едношалтерска канцеларија во Општина Кочани |
МЕСТО НА РЕАЛИЗАЦИЈА | Одделение за јавни дејности од 7.30 до 15.30 часот |
РОК НА РЕАЛИЗАЦИЈА | 15 дена (ЗОУП) |
ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И ДОСТАВУВАЊЕ ДО КАНДИДАТОТ |
Врз основа на поднесеното барање и приложените докази кон барањето, доколку истото е основано, ги содржи сите потребни документи и е поднесено во согласност со условите од овој Правилник, Градоначалникот ќе донесе одлука со која на барателот ќе му одобри и додели финансиската помош за основот за кој е поднесено барањето.Доколку барањето е некомплетно, нецелосно и не ги исполнува условите од овој Правилник, Градоначалникот ќе донесе одлука за неприфаќање на истото. За донесената одлука писмено се известува барателот. |
РОК НА ПРИГОВОР | Против одлуката на Градоначалникот може да се поднесе приговор во рок од 3 (три) дена од денот на приемот на одлуката. |
ЗАКОНСКИ ОСНОВ |
Закон за локалната самоуправа. Закон за социјалната заштита. Правилник за уредување на начинот и условите на доделување на финансиска помош на социјално загрозени граѓани, жители на општина Кочани за поправка и оспособување на станбен простор бр.09-2257/1 од 15.12.2017 година (Службен гласник на Општина Кочани бр.13/2017), Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за уредување на начинот и условите на доделување на финансиска помош на социјално загрозени граѓани, жители на општина Кочани за набавување на лекови кои не се наоѓаат на Позитивната листа на лекови, како и за обезбедување на карта за превоз за лекување во здравствена установа надвор од градот Кочани и карта за превоз за лица сместени во специјализирани установи надвор од градот Кочани бр.09-277/1 од 24.01.2018 година (Службен гласник на Општина Кочани бр.1/2018). |
ЗАБЕЛЕШКА |
Правилникот за уредување на начинот и условите на доделување на финансиска помош на социјално загрозени граѓани, жители на општина Кочани за набавување на лекови кои не се наоѓаат на Позитивната листа на лекови, како и за обезбедување на карта за превоз за лекување во здравствена установа надвор од градот Кочани и карта за превоз за лица сместени во специјализирани установи надвор од градот Кочани бр.09-2256/1 од 15.12.2017 година (Службен гласник на Општина Кочани бр.13/2017) и Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за уредување на начинот и условите на доделување на финансиска помош на социјално загрозени граѓани, жители на општина Кочани за набавување на лекови кои не се наоѓаат на Позитивната листа на лекови, како и за обезбедување на карта за превоз за лекување во здравствена установа надвор од градот Кочани и карта за превоз за лица сместени во специјализирани установи надвор од градот Кочани бр.09-277/1 од 24.01.2018 година (Службен гласник на Општина Кочани бр.1/2018) со кој подетално се пропишува начинот и условите за доделување на финансиска помош на социјално загрозени граѓани, жители на општина Кочани за набавување на лекови кои не се наоѓаат на Позитивната листа на лекови кои паѓаат на товар на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, како и за обезбедување на карта за превоз за лекување во здравствена установа надвор од градот Кочани и карта за превоз за лица сместени во специјализирани установи надвор од градот Кочани е објавен на веб страната на Општина Кочани: www.kocani.gov.mk. Основната цел која се очекува да се постигне преку доделувањето на овој вид на помош е обезбедување на транспарентна, социјална, достапна, ефикасна и квалитетна мерка за потребите на корисникот кој е материјално необезбеден и нема средства за егзистенција. |
Кочани
- МЕРНИ СТАНИЦИ
- ПОПИС 2021
- КОВИД – 19
- Вести
- Огласи и соопштенија
- Јавни набавки
- Буџет на Општина Кочани
- Седници на совет
- Седница на совет во живо
- Одлуки на Советот
- Локален Совет за превенција
- Урбанизам
- Економија
- Образование
- Култура
- Спорт
- Млади
- Туризам
- Публикации
- Животна средина
- Урбани и месни заедници
- Еднакви можности
- Социјална заштита
- Проекти
- Даноци и такси
- Локален економски развој
- Документација околу изградбата на малата хидроцентрала на Мала Река