ВИД  НА УСЛУГАТА Издавање на дозвола за вршење на посебен општински линиски превоз на патници
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УСЛУГАТА

–        Барање за издавање на дозвола вршење на посебен општински линиски превоз на патници

–        Копија од Лиценца за вршење на јавен превоз во внатрешниот патен сообраќај, вид на превоз: слободен превоз на патници и посебен линиски превоз на патници, заверена на нотар, издадена од Министерството за транспорт и врски,

–        Доказ дека превозникот е сопственик на едно или повеќе регистрирани возила за одделни видови превози  или да има договор за лизинг (фотокопија од сообраќајните дозволи на возилата регистрирани на име на фирмата заверени на нотар или копија од договорот за лизинг склучен со овластен дистрибутер заверен на нотар) за возилото што го користи по тој основ,

–        Копија од потврдата за исполнетост на посебните техничко-експлоатациони услови за моторните возила наменети за вршење на одделни видови на превоз во патниот сообраќај издадена од станиците за технички преглед на моторните возила со точно утврдена класа на возилото или сертификат за исполнување на критериумите за безбедност на возилата (­за секое возило посебно),

–        Копија од изводи од лиценца за вршење на јавен превоз во внатрешниот патен сообраќај за возилата во зависност од потребниот број на возила,

–        Договор за превоз склучен со правно лице со список на патници што ќе се превезуваат (списокот на патници е составен дел на договорот)

–        Временски термини за поаѓање и враќање во кои се врши превозот односно Возен ред,

–        Копии од обрасците М1/М2 и список на вработени по обврзник од ФПИО непостар од 60 дена (минимум еден возач по возило),

–        Уплатница за платена-  административна такса- 50 денари за барање,

–        Уплатница за платена-  административна такса за дозвола за посебен линиски превоз на патници-1000 денари.

АДМИНИСТРАТИВНА ТАКСА

Админитративна такса за поднесување на барањето

Износ: 50 денари

Сметка:100-0000000630-95

Уплатна сметка:840 136 03 182

Приходна шифра:722315

Примач: трезорска сметка, Буџет на Општина Кочани

Банка на примач: НБРМ

 

Админитративна такса за издавање на дозвола за посебен линиски превоз на патници

Износ: 1000 денари

Сметка:100-0000000630-95

Уплатна сметка:840 136 03 182

Приходна шифра:722315

Примач: трезорска сметка, Буџет на Општина Кочани

Банка на примач: НБРМ

ПРИЕМ НА БАРАЊЕТО Едношалтерска канцеларија во Опшина Кочани
МЕСТО НА РЕАЛИЗАЦИЈА Сектор за правни, јавни дејности и општи работи/ Одделение за правни и општи работи од 7.30 до 15.30 часот
РОК НА РЕАЛИЗАЦИЈА 30 дена од приемот на барањето
НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ ДО СТРАНКАТА

–      Со лично подигање на документот од седиштето на Општина Кочани,

–      По пошта,

–      Доставување во седиштето/адресата на барателот

 РОК НА ЖАЛБА 8 дена од приемот на документот
ЗАКОНСКИ ОСНОВ Закон за превоз во патниот сообраќај
ЗАБЕЛЕШКА Барањето може да се подигне од Едношалтерска канцеларија на Општина Кочани