Реконструкцијата во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ е во рамките на Компонентата 3 – стимул за училиштата/реновирање, на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (МИМО), што го спроведува Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) во соработка со Министерството за образование и наука и сите образовни институции.
ОУ „Св. Кирил и Методиј“ е едно од 12-те училишта во државата, во кои ќе се имплементираат активности од оваа компонента. За таа цел, во секое од избраните училишта е формиран Тим за реновирање на училиштата, како партнер во текот на работата. Тимот за реновирање на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ одлучи да го реализира проектот за замена на подовите во училниците.
Изведувач на работите е „Агора епоксид“, а надзорот ќе го врши фирмата „Бар“ Е.Ц.Е. Од 6 октомври изведувачот е воведен во работата, во присуство на претставници од УСАИД/МИМО, изведувачот, надзорот, училиштето и Општината.
Обврска на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ и на Општина Кочани е со свој придонес да обезбедат под уште за шест училници, со вкупна површина 400 м².