Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Кочани аплицираше со проект за реконструкција на локални улици „Гошо Викентиев“ и „Раде Кратовче“ во Кочани,  Општина Кочани.

Согласно барањата на Светска Банка беше подготвен документ “контролна листа на План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.

Документот “контролна листа на План за управување со животната средина и социјалните аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на веб страните на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Кочани (https://kocani.gov.mk/) на 25 Септември 2020.

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

КОНТРОЛНА ЛИСТА НА ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И СОЦИЈАЛНИТЕ АСПЕКТИ

ENVIRONMENTAL AND SOCIAL MANAGEMENT PLAN

Образец за доставување коментари