Розовата прошетка е закажана за в недела, на 27 септември, под мотото „Трка за лек“, а ќе почне од Летната сцена во Центарот за култура „Бели мугри“, во 11 ч.
– Со прошетка низ градот ќе се даде поддршка на сите болни од рак на дојка. Болеста е тешка и е околу нас, но со навремено откривање и третирање, таа се лекува. Во настанот можат да се вклучат сите граѓани на Кочани, затоа што болеста не бира никого, ниту пол, ниту нација, ниту боја на кожата, таа може да го нападне секого. Треба да бидеме сплотени и сите заедно да тргнеме на оваа „Трка за лек“ за да им помогнеме на оние кои поминуваат низ голготата, да им оддадеме почит на оние кои нè напуштиле, но и да упатиме апел до оние кои се здрави да се грижат за своето здравје, затоа што само така ќе можат да споделат многу љубов со своите сакани подолго време. Бидејќи статистиките покажуваат дека 5 проценти од машката популација заболува од оваа болест, повикот за учество на настанот е до сите граѓани, односно и до нашите сограѓани од машкиот пол – повика Андонова.
Розовата прошетка во Кочани се организира со поддршка од Општина Кочани, преку Локалниот акциски план за еднакви можности на жените и мажите.
Сите 14 општини ќе бидат вклопени во општиот европски настан што ќе се одржи онлајн. Учесниците што ќе се регистираат за учество во „Трката за лек“, ќе добијат маичка со овогодишното лого. Настанот ќе се спроведе според протоколите за организација на јавни настани, за заштита на здравјето во услови на Ковид-19.