– Со ова ја продолжуваме акцијата за уредување на јавните површини во паркиралишта кои можат да придонесат за олеснување на движењето по сообраќајниците во Кочани. Во таа насока е и уредувањето на површината кај Железничката станица, под булеварот „Тодосија Паунов“, која е послана со гребан асфалт и може да прифати поголем број возила. Препорачуваме возачите да паркираат на овој простор под булеварот – повикува Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.
Со соодветна сообраќајна сигнализација и патокази што ќе информираат за површините за паркирање, се очекува учесниците во сообраќајот да стекнат навики да не ги запираат или паркираат возилата на коловозите, со што ќе се намалат нередот и застоите во сообраќајот и на улицата „Никола Карев“ кај Основниот суд – Кочани и на булеварот „Тодосија Паунов“.