По повод верскиот празник Курбан бајрам, градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев упати честитка до припадниците од исламска вероисповед, во која се вели:
„Ви го честитам големиот верски празник Курбан бајрам.
Искрено ви благодарам за придонесот во негувањето на соживот со граѓаните од сите заедници, како и за поддршката што ја давате во развојот на Кочани.
Повикувам и во иднина етничката и верската различност да нè зближуваат и да бидат мост меѓу сите граѓани во нашата општина и држава“ – стои во честитката од градоначалникот Илијев.