Во рамките на проектот „Превенција и намалување на бездржавјанството“ што го спроведува Македонското здружение на млади правници во соработка со Канцеларијата на УНХЦР се обезбедува бесплатна правна помош на лица без државјанство кои се во социјален ризик, родени на територијата на нашата држава или кои водат потекло од некоја од земјите кои во минатото биле во состав на Југославија и немаат никакво државјанство, како и на децата кои не се запишани во матична книга на родените и поради тоа се во ризик од бездржавјанство.
Македонското здружение на млади правници обезбедува бесплатна правна помош во постапките за упис во матичната книга на родени и регулирање на престој на лицата кои поради тоа што се без државјанство се водат како странци, како и во постапката за прием во државјанство на Република Северна Македонија.
Правник за контакт со странки од Македонското здружение на млади правници е Александра Ефремова, aefremova@myla.org.mk , 078 359 269 и 02 2655 844.