Во пресрет на претстојниот празник на сесловенските просветили, светите браќа Кирил и Методиј, делегации од Општина Кочани, Советот на Општината и ОУ „Св. Кирил и Методиј“ положија свежо цвеќе на споменикот во училишниот двор.
Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев и директорот на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Даниел Кралев го честитаа празникот, потсетувајќи на значењето на првите словенски учители и светители, основоположници на словенската писменост и литература.