Поради дотраеност и појава на чести дефекти, Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ менува дел од главната водоводна линија за селото Бели.
– Работите се изведуваат на потег во должина од 130 метри на улицата „Страшо Ербапче“, од препумпната станица кон крстосницата со регионалниот пат што води за Пониква. Се поставуваат нови поквалитетни полиетиленски цевки, со пречник од 90 мм и издржливост на притисок од 16 бари – соопшти Андреј Киров, директор на КЈП „Водовод“.
Според Киров, во приоритените места каде што се планираат интервенции на водоводните линии се селата Тркање, Грдовци и Прибачево, а во Кочани – водоводната линија на улицата „Охридска“.
Одговорните служби во Општина Кочани информираат дека со цел да се подобри квалитетот на водоснабдувањето, до Министерството за траспорт и врски е поднесен проект за замена на главниот потисен цевковод од бунарите во Грдовски Орман во должина од 2250 метри. Одобрените средства од Владата би овозможиле поефикасно функционирање на системот и намалување на загубата на водата за пиење.