Трката за мир ќе влезе во Кочани во 13 ч., од Македонска Каменица. Први на Трката, кај бензинската станица на Макпетрол, ќе ѝ се придружат ученици од СОУ „Гошо Викентиев“ и спортисти од Кочани. Потоа кај нивните училишта ќе се придружат ученици од „Малина Попиванова“ и од „Никола Карев“. Кај кружниот тек Трката ќе продолжи по „Кеј на Револуцијата“ до Плоштадот, каде што пред Општината ќе се одржи свеченост во чест на мирот.
Околу 14 ч. учесниците во Трката за мир ќе продолжат кон Штип, по „Кеј на Револуцијата“, преку мостот кај Шопинг-центарот, понатаму по улицата „ВМРО“. Кај Спортската сала ќе ѝ се придружат ученици од „Св. Кирил и Методиј“, па по улицата „Стево Теодосиевски“ – кон излезот на градот. Учесниците од Кочани ќе ја испратат Трката за мир до бензинската станица „Лукоил“, на излезот кон Штип.
Во Трката за мир ќе учествуваат околу двесте жители на Кочани.