КЈП „Водовод“ ги известува граѓаните дека е отстранет дефектот што се појави претпладнево на главната водоводна мрежа. Водата е пуштена низ системот за водоснабдување.
Високите зони од градот кои останаа без вода, наскоро ќе ја добијат, а ниските и средните – воопшто немаа прекин.
КЈП „Водовод“ се извинува за прекинот на водоснабдувањето и ги повикува потрошувачите на рационално користење на водата.