Следејќи ги одлуките и мерките донесени на 36. седница на Владата за воведување забрана за движење на граѓаните поради спречување на внесување и ширење на заразата со коронавирусот, која е на сила од 8 април 2020 г, Општинскиот кризен штаб – Кочани ги информира граѓаните дека: согласно владините мерки за онлајн работа и достава на продукти од маркети, достава на храна од ресторани и слично, како и такси превоз, се повикуваат сите заинтересирани правни субјекти да се пријават за добивање дозвола за работа за време на полициски час.
Во прилог на овој јавен повик е пријавата што треба да ја пополнат сите заинтересирани правни субјекти најдоцна до петок, 10 април 2020 г. до 10 ч.
Пополнетата пријава треба да се прати на е-адресата: info@kocani.gov.mk