В петок, на 13 март 2020 година, со почеток во 9 ч. Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 37. редовна седница. На дневен ред се 13 точки:
- Разгледување на завршните сметки на општинските основни и средни училишта за 2019 година, ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани и ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани, за 2019 година
- Програма на ООУ „Малина Попиванова“ – Кочани за организација и изведување на екскурзија за учениците од прво, трето, шесто и деветто одделение и Програма за настава во природа за учениците од петто одделение за учебната 2019/20 година
- Програми за организирање и изведување ученички екскурзии во ООУ „Крсте Мисирков“ – Кочани, за учебната 2019/20 година
- Извештај за работењето на КЈП „Водовод“ – Кочани за 2019 година
- Извештај за финансиското работење на КЈП „Водовод“ – Кочани за периодот од 1.1.2019 година до 31.12.2019 година
- Завршна сметка на КЈП „Водовод“ – Кочани за 2019 година
- Одлука за распоредување на нето добивката остварена во годишната сметка деловната 2019 година
- Извештај за реализацијата на Програмата за уредување на градежно земјиште на Општина Кочани за 2019 година
- Извештај за реализацијата на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2019 година
- Извештај за реализација на Програмата за изградба на фекална и атмосферска канализација во општина Кочани во 2019 година
- Извештај за реализација на Програмата за изградба и реконструкција на системите за водоснабдување на подрачјето на општина Кочани во 2019 година
- Завршна сметка на Буџетот на Општина Кочани за 2019 година
- Годишен извештај на Општина Кочани за 2019 година.