Почнува реконструкцијата на седум улици во градот: „Четврта македонска бригада“ (260 м), два крака на улицата „Маршал Тито“ (крак 1 – 90 м и крак 2 – 130 м), „Илинденска“ (250 м), „Плачковица“ (190 м), „Коста Рацин“ (220 м) и „9 Мај“ (570 м).
Градежната механизација на изведувачот „Стоименов“ веќе се наоѓа на „9 Мај“, улица која е во мошне критична состојба.
Средствата за реконструкција на седумте улици се обезбедени од општинскиот буџет, преку Програмата за уредување на градежното земјиште за 2020 година.