В четврток, на 28 април, со почеток во 9 часот, на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани ќе се одржи традиционалниот Пролетен крос – 2016.
На кросот ќе учествуваат ученици од сите кочански основни и средни училишта, студенти и пензионери, а се повикуваат и сите заинтересирани граѓани над 25 години да се пријават за учество во оваа масовна спортска манифестација.
Организатор на Пролетниот крос е Општина Кочани во соработка со Сојузот за училишни спортови – Кочани. Победниците на трките ќе добијат награди од организаторот.