В четврток, на 26 декември 2019 година, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 34. редовна седница со следниот предлог-дневен ред:
- Предлог-програма за одржување сливни решетки за атмосферска канализација на подрачјето на Општина Кочани за 2020 година
- Предлог-програма за јавна чистота на општина Кочани за 2020 година
- Предлог-програма за одржување и користење паркови и зеленило, набавка, поставување и одржување урбана опрема, одржување детски игралишта и одржување на фонтаната „Зрно“ за 2020 година
- Предлог-програма за култура на Општина Кочани за 2020 година
- Предлог- програма за поддршка на образованието во општина Кочани за 2020 година
- План за работа – активности на КЈП „Водовод“ – Кочани за 2020 година
- Давање согласност на Одлуката за промена – зголемување на цената на метар кубен геотермална вода
- Давање согласност на Одлуката за промена на платата на вработените во КЈП „Водовод“ – Кочани, согласно примената на Законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија
- Годишен план за вработување во ОУ „Малина Попиванова“ – Кочани за 2020 година
- Информација по доставено барање за известување од Министерството за образование и наука за давање недвижни ствари на трајно користење на Општина Кочани
- Предлог-одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот „Реконструкција на два крака на улицата ‘Стамен Манов‘“
- Предлог-буџет на општина Кочани за 2020 година
- Предлог-одлука за извршување на Буџетот на Општина Кочани за 2020 година
- Предлог-одлука за висината на девизен и денарски благајнички максимум за 2020 година
- Предлог-одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2020 година
- План за јавни набавки на Општина Кочани за 2020 година.
Седницата ќе започне во 9 ч.