До 3 јануари 2020 година трае јавната анкета за Деталниот урбанистички план за Градска четврт 6. Во овој период заинтересираните правни и физички лица од подрачјето опфатено со планот, можат да доставуваат свои предлози и забелешки на анкетни листови преку архивата на Општина Кочани или преку информацискиот систем е-урбанизам.

По завршувањето на јавната анкета, Комисијата за изработка на извештај ќе постапи по доставените анкетни листови и ќе се подготви конечен предлог-план со прифатени забелешки и предлози.

Доколку предлог-планот со прифатени забелешки од анкетните листови претрпел значајни  промени, согласно законска регулатива, ќе се организира повторна јавна презентација и јавна анкета.

Деталниот урбанистички план за Градска четврт 6 се однесува на површина од 124,80 ха, во централниот дел на град Кочани, согласно Генералниот урбанистички план.

Границите на планскиот опфат се: од север – по границата на ГУП на Град Кочани: од исток – по осовината на регулираното речно корито на Кочанска Река;
од југ – по осовината на ул. „Стево Теодосиевски“ и од запад – по осовината на ул. „Страшо Ербапче“.

Графичкиот прилог од Деталниот урбанистички план е изложен на влезот на зградата на Општина Кочани, на веб-страницата на Општината – www.kocani.gov.mk., а детални информации во врска со урбанистичкиот план можат да се добијат во Одделението за урбанизам и заштита на животна средина, на првиот кат во општинската зграда.

http://kocani.gov.mk/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%b7%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bf%d0%be-%d0%b4%d0%b5%d1%82%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bd-%d1%83%d1%80%d0%b1%d0%b0%d0%bd%d0%b8-2/