По барање на Граѓанското движење за почист воздух, Општина Кочани обезбеди илјада садници за пошумување на Осоговските Планини.
Пошумувањето ќе се реализира во акција која Граѓанското движење ја организира под наслов „Засади иднина“.
Во координација на Општината со надлежните служби – ЈП Национални шуми и КЈП „Водовод“ обезбедената локација за пошумување е од десната страна на патот Кочани – Пониква, кај влезот на Градската депонија, каде ќе се засадува бор од видот чемпрес.
Според најавите на Граѓанското движење во барањето до Општина Кочани, акцијата ќе се реализира в недела, на 8 декември 2019 г.
Општина Кочани и понатаму во законските рамки ќе ги поддржува сите граѓански активности, чија главна цел е заштита и зачувување на животната средина.