Во рамките на одбележувањето на „Ноември – месецот на машкото здравје“, во вторник, на 26 ноември 2019 година, во салата на Советот на Општина Кочани, невладината организација „Борка – за секој нов ден“ и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите од Кочани организираат едукативно предавање за ракот на простата.
Предавачи се спец. онколог д-р Меши Пешевска и спец. радиолог д-р Драгана Могилевска Груевска.
Почетокот е во 17 ч.