Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев ги поканува жителите на Кочани да учествуваат на проектниот форум кој се реализира во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој е финансиран од Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC), а спроведуван од УНДП (UNDP) и Општина Кочани.
На форумските сесии присутните преку своето учество ќе може да даваат предлози и да учествуваат во подготовка на проекти од интерес на жителите на општина Кочани. Низ форумскиот процес ќе се изработуваат и изберат проекти со кои ќе се аплицира за нивна реализација во рамки на вкупен фонд од 50.000 швајцарски франци.
Четвртата форумска сесија ќе се одржи на 12.11.2019 година (вторник) со почеток во 18:30 часот во холот на ООУ „Св. Кирил и Методиј”, во Кочани.
На четвртата форумска сесија учесниците на форумот ќе имаат можност да го дадат своето мислење и да изберат најприоритетен проект/и чија реализација ќе биде финансирана од проектниот фонд од 50.000 швајцарски франци обезбедени од страна на Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC) – Швајцарска амбасада. Исто така, ќе имаат можност останатите предлог-идеи и решенија произлезени од форумот за подобрување на животот во заедницата да ги упатат како препораки од форумот до општината за можност за нивна реализација.
Присуството на жителите, здруженијата на граѓани и претставниците на институциите, како и нивното активно учество на сесиите ќе даде голем придонес и ќе биде од особено значење за успешно спроведување на проектниот форум и изборот на проект/и, предложени и поддржани од жителите на општина Кочани.