Песочната подлога на детското игралиште во Градскиот парк се менува.
Во договор помеѓу Општина Кочани и компанијата „Антхура MK“, која лани донираше опрема за ова детско игралиште, се работи на подобрување на условите за игра на најмладите.
Според стручните служби од Општина Кочани, се работи на поставување бетонски слој, градежна активност што ја финансира Општина Кочани. Врз бетонот, со донација од „Антхура MK“, ќе бидат поставени гумени плочки на површина од околу 200 метри квадратни, што ќе овозможи побезбедно користење на овој простор од страна на децата.
Со ова „Антхура МК“ ја продолжува грижата кон најмалите жители на Кочани и потврдува дека корпоративниот успех на компанијата носи обврски за вложување и подобрување на целокупното општество, а не само остварување финансиски профит.
Општина Кочани им благодари на сите фирми што ќе покажат општествена одговорност и ги повикува сите компании кои соработуваат со Општина Кочани да покажат општествена одговорност и да дадат свој придонес во различни проекти со кои ќе се подобри квалитетот на животот на граѓаните.