На 12 мај 2015 г. со почеток во 11.30 ч. во салата на Советот на Општина Кочани ќе се одржи стручна расправа по Генералниот урбанистички план за град Кочани (нацрт-план 2013-2023).
Одделението за урбанизам при Општина Кочани ги повикува органите на државната управа и другите правни лица кои ги вршат работите од областа на образованието, земјоделството, водостопанството, заштитата и спасувањето, противпожарната заштита, здравствената заштита, транспортот, врските и државните патишта како и правните лица кои вршат комунални работи односно стопанисуваат со комуналните инфраструктурни мрежи како што се водовод, канализација, топловод, електрично напојување, фиксна телефонија и други заинтересирани лица од подрачјето опфатено со планот, дека можат да достават забелешки по нацрт-планот, во рок од 10 дена од одржувањето на јавната расправа.