Во врска со реакциите на граѓаните за загадување на амбиенталниот воздух од „Пејпр мил“ (поранешна „Хартија“), Општина Кочани ја известува јавноста дека овој правен субјект поседува А-интегрирана дозвола, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Овластените општински инспекциски служби за животна средина во текот на изминатиов месец упатија повеќе писмени барања и ургенции до „Пејпр мил“, како и до надлежните државни органи, кои се однесуваат на активности поврзани со влијанието на животната средина кои непосредно ги засегаат граѓаните на Кочани.
Општина Кочани, во рамките на своите надлежности, ги користи сите законски мерки за преземање соодветни активности. Своите информации, забелешки и реакции граѓаните треба да ги упатат во Државниот инспекторат за животна средина.
Општина Кочани